25 Април, 2024
0.0274

Министрите и синдикатите со разговори за минималната плата од 12.000 денари

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска министрите за финансии и труд и социјална политика разговараа со повеќе синдикати со цел да се повтрди заложбата за зголемување на минималната плата од 12.000 денари. Свои предлози дадоа и повеќе прогресивни синдикати кои чекаат Дарко Димовски да ја преземе претседателската функција од Живко Митревски во ССМ.

„Ние прогресивните синдикати го поддржавме предлогот за зголемување на минималната плата со тоа што дополнително укажавме дека потребно е да се направи и поместување на платите и на остатаните вработени по вертикала и доколку тоа не се случи ќе предизвика незадоволство кај поголемиот број работници кои земаат повисока плата од минималната, а извршуваат посложени задачи од оние со основно образование. В.Д. Претседателот на ССМ Дарко Димовски го истакна нашиот став дека во овој процес потребно е да се вградат и вратат надоместоците за храна и превоз“ – изјави претседателот на синдикатот на одбраната Ристо Ајтов на денешната средба со Министерот за финансии Драган Тевдовски и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на која се преговараше за зголемување на минималната плата.

Министерот за финансии нагласи дека ако има потреба од помош во најранливите сектори, парите потребни за зголемување на минималната плата ќе се обезбедат од државната каса, и веќе се  предвидени и со Ребалансот на Буџетот.

„Според нашиот план, минималната плата ќе изнесува 12.000 денари и ќе важи за сите. Целосно сме отворени и сакаме да ги слушнеме синдикатите, не само за висината, туку и за другите отворени прашања поврзани со минималната плата како што е вреднувањето на учинокот, истакна Драган Тевдовски.

Идејата е да се скрати од комодитетот на власта, а поддршка за зголемување на минималната плата даваат и работодавачите и постои простор за зголемување на минималната плата но, ако нема политички притисоци и казни, потенцира Тевдовски.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со став дека секогаш ќе ги брани работничките права и работниците кои се најзагрозени и дека само со отворен, директен пристап може да се дојде до квалитетно решение.

„Ќе се трудиме во сите гранки да има еднаква минимална плата и се надеваме дека наскоро тоа ќе стане реалност со оглед дека претходно имаше дискриминирачки одредби за гранките кои се најранливи“, потенцира Царовска.

Вакви консултации се најавени и со стопанските комори и работодавачите, а решенијата ќе бидат претставени и дискутирани и на Економско-социјалниот совет.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг