23 Април, 2024
0.0285

МИОА почнува серија обуки за инспекторите ширум Република Македонија

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Од денес, 07 јули 2017 година, Академијата за обуки при Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го започнува серијалот обуки за инспекторите ширум Република Македонија, со цел зајакнување на нивното познавање на специфични области од правото со кои тие се соочуваат во секојдневното работење. 

Серијалот обуки ќе се спроведе во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ како водечка високообразовна установа во соодветната сфера. Станува збор за првата ваква меѓуинституционална соработка, под покровителство на УСАИД, од која се очекува не само да овозможи сериозна надградба на знаењето на инспекторите туку и доближување на правната теорија и практика, односно креирање визија за подобрување на законодавството во иднина. Се разбира, основниот мотив за соработката и обуките воопшто е подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните на Република Македонија како и бизнис-климата во земјата.

Првите инспектори кои ќе се здобијат со шанса да бидат обучувани од еминентни професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе бидат сите (вкупно 32) од Државниот управен инспекторат. Во текот на првата, дводневна обука на 07 и 08 јули 2017 година тие ќе слушаат предавања од Проф. д-р Борче Давитковски и Проф. д-р Ана Павловска-Данева, на теми поврзани со новините во Законот за општата управна постапка, применливоста на Законот за управните спорови во однос на решенијата на инспекторите, правата и одговорностите на инспекторите според Законот за инспекциски надзор, примената на Законот за прекршоците од страна на инпекторите и слично. На обуката како предавачи ќе се јават и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација. Во светлина на нововоспоставената соработка обуката ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а секој инспектор ќе се стекне со сертификат потпишан од претставник на МИОА, Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и УСАИД. 

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи