20 Април, 2024
0.0276

МИОА реагира за коментирањето на ревизорскиот извештај

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од  Министерството за информатичко општество  реагираат за текстот „Како се трошеле пари од кредитните картички во министерството за информатичко општество?",во кој се коментира ревизорскиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација. 

„Имено, содржината во која се дадени извадоци од ревизорскиот извештај, што е коректно, не кореспондира со насловот на текстот. Се работи за следното - МИОА располага со една сметка во НЛБ - банка за која издадени се три поеднични картички на министерот, заменик министерот и државниот секретар. Картичките се со посебни броеви по кои се разликуваат, со што се овозможува аналитичка евиденција за секоја трансакција која е направена за секоја посебна картичка. Секој трошок задолжително се покрива со соодветен сметководствен документ (фискална сметка, фактура). Констатацијата која ја има дадено државниот ревизор, не наведува на неправилно работење, туку на недоследност на софтверската евиденција. Имено, аналитичката евиденција за кредитната картичка во целиот период на постоење на министерството, вклучително и 2015 година која беше предмет на ревизија, се правела во Ексел табели, бидејќи стариот сметководствен софтвер кој го користела Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (која служба го води сметководството на МИОА) не ја овозможувал бараната аналитичка евиденција по лица, туку како еден коминтент - банката“ - стои во реакцијата од Министерството. 

Состојбата е надмината со набавка на ново софтверско решение со кое е овозможена аналитичка евиденција за секоја направена трансакција, поединечно по корисник, додаваат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите