24 Април, 2024
0.0359

Мирко Петровски се приклучува на тимот Polleo Sport МК!

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Професионалниот бодибилдер Мирко Петровски е новото засилување во тимот на бренд амбасадори на Polleo Sport во Македонија. Како добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда "8-ми Септември" во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план, Мирко совршено се вклопува во имиџот на Polleo Sport.

„Среќни сме што Мирко го препозна нашиот бренд и одлучи да нѝ се приклучи во мисијата за поттикнување на поквалитетен живот исполнет со спортски активности и здрави навики. Како одличен познавач на сите аспекти од фитнесот, со долгогодишно искуство како личен тренер на многу успешни спортисти во бодибилдинг, фитнес, ракомет, фудбал, пливање и други спортови, тој ќе биде одлично засилување во нашиоттим во делот на едукација на граѓаните за придобивките од правилно комбинирање на соодветни вежби и балансирана, квалитетна исхрана.“ – велат од Polleo Sport.   

Покрај тоа што од 2003 година поседува IFBB PRO CARD лиценца за натпреварување во професионалната бодибилдинг лига, Мирко е дипломиран професор по физичка култура, специјализиран за спортски тренинг и исхрана.

Тој вели дека е исклучително задоволен од договорот за соработка со Polleo Sport. „Ми претставува вистинска чест што станав дел од овој тим кој промовира здрав и активен живот. Благодарен сум што ми ја укажаа нивната доверба да ги здружиме силите во мисијата за едукација и мотивација на луѓето за достигнување на нивниот максимум во спортските и лични цели. Со Polleo Sport сите кои професионално или рекреативно се занимаваат со спорт добија пристап до висококвалитетни производи кои се неопходни, особено за нас кои се занимаваме со бодибилдинг и фитнес. Од суплементи, био и здрава храна, витамини и минерали, до фитнес опрема, облека и обувки, во Polleo Sport има сè што е потребно за вежбање и здрав начин на живот. На вас останува само желбата за поквалитетен живот.“ – објаснува Мирко.

Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Носител е на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност. На македонскиот пазар влезе во мај годинава, со отворањето на првиот продажен центар. До сега има две продавници, а во подготовка е отворањето на третата.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка