20 Април, 2024
0.0250

Мирослав Илиќ во Еден на Еден: Аркан беше крив, не јас! (ВИДЕО)

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Го викаат кралот на боемската музика и со право, бидејќи во времето на Југославија, но и денеска, важи за еден од најбараните изведувачи. Помладите можеби не знаат, но се работи за човекот со повеќе продадени албуми од било кого од екс-ју просторите.

Токму тој - Мирослав Илиќ е гостин во новата епизода од најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“.

Жаре и Мирослав си поминаа одлично. Мирослав раскажа за неговите студентски денови во Скопје, за инцидентот со Аркан, за несекојдневните дружби со легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков и Новак Ѓоковиќ, како и уште многу, многу други работи.

Плус, Мирослав не пропушти во живо да запее и да покаже зошто е "славејот од Мрчајевци".

Сабота, 19 и 15 часот на телевизија „Телма“, уживајте во новата епизода од вашето омилено шоу. Ќе има и специјални гостувања од Марија Јаневска (Белешките  на Лајла Грејс) и осмооделенецот Матеј кој ќе презентира совршено решение за загадувањето во државата.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган