20 Април, 2024
0.0270

Мислав Галер нов извршен директор во оне.Вип

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

- Телекомуникациската компанија оне.Вип го објавува назначувањето на Мислав Галер како нов извршен директор. Тој обврските на новата функција ќе ги превземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски кој одлучи да ја напушти компанијата ида прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.

Димитар Ковачевски останува во оне.Вип до крајот на годината со цел да помогне во веќе започнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и позиционирање на брендот на  компанијата,  а во исто време да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на својот наследник. 

оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Димитар за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера.

Новиот извршен директор на оне.Вип, Мислав Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија. Со големо искуство во сегментот продажба и извршувањето на раководни функции, Мислав се приклучи на Випнет во 2012г. Долгогодишното искуство на динамичниот хрватски пазар, познавање на бизнис трансформација како и на процесите при спојување на компании и продажни тимови, тој сигурно ќе даде голем придонес за уште посилно позиционирање на оне.Вип на македонскиот пазар.

оне.Вип му посакува добредојде на Мислав како нов извршен директор. Сигурни сме дека со своето големо искуство во оваа област ќе ја направи компанијата уште посилен играч на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција