29 Март, 2024
0.0337

Интервју: Мира Шекутковска, член на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Мислењето дека некој друг треба да се грижи за нашата пензија е најголема заблуда

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Според официјалните податоци на МАПАС, задолжителниот пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд заклучно со 31.10.2017 има 216.684 членови и времено распределени лица, а во него се акумулирани нето средства во износ од нешто повеќе од 423 милиони евра.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, заедно со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) изминативе месеци спроведуваат кампања за информирање на јавноста околу членувањето во задолжителните и доброволните пензиски фондови. Во рамките на оваа кампања беше промовирана и страницата www.penzija.mkсо корисни информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем во Македонија. За потребите од ваква кампања, како и за главните предизвици со кои се соочува пензискиот систем во земјава разговаравме со Мира Шекутковска, член на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Според Шекутковска, заедничката кампања на двете пензиски друштва и Агенцијата, ќе треба да прерасне во редовна активност, насочена првенствено кон зголемување на општиот интерес и нивото на едуцираност на населението за прашањата поврзани со пензискиот систем во Државата и особено за суштината и начинот на функционирање на капитално финансираните пензиски фондови, популарно препознатливи како втор и трет столб.

- Судејќи според проценката на општото ниво на финансиска писменост, ваквите кампањи ќе треба да се практикуваат долгорочно со цел да се постигнат посакуваните резултати. Во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, во рамките на  активностите за промоција и информирање на јавноста, секогаш се залагаме за транспарентност, обезбедување на сеопфатна информација и максимално олеснета достапност за нашето членство преку сите современи канали на комуникација. Интернет страницата www.penzija.mk е дополнителен линк до многу корисни информации и обид да се поттикне секој член на едноставен и брз начин да дојде до одговори на одредени прашања и дилеми. Посетеноста е задоволителна, со оглед на фактот дека примарната цел е да се обезбедат одговори на основните прашања и понатаму да се побуди интерес да се посетат страниците на пензиските друштва и Агенцијата за да се добијат подетални информации – вели Шекутковска.

Кои се најчестите недоумици со кои се среќаваат граѓаните кога станува збор за пензискиот систем во Македонија, особено за функционирањето на вториот и третиот столб? Кои се нивните најголеми заблуди?

- Приватните пензиски друштва во Македонија постојат од 2005 година, задолжителните фондови функционираат безмалку 12 години, а доброволните фондови нешто подолго од 8 години. И покрај тоа што пензиските друштва во овој период во континуитет беа насочени кон развој и достигнување на високо ниво во областа на информирањето и транспарентноста, анализите укажуваат дека промените во нивото на знаења за пензискиот систем, воопшто и посебно за реформираниот пензиски систем се одвиваат бавно. Тешко се постигнува промена во разбирањето на суштината и разликите помеѓу стариот, исклучиво солидарен систем и комбинацијата со новите капитално финансирани пензиски фондови. Едноставно кажано, треба да разбереме дека за пензијата треба да се грижиме и ние самите и тоа навреме. Според мене токму мислењето дека некој друг се грижи за мојата пензија е една од најголемите заблуди.

Висината на пензијата од вториот или третиот столб во времето на пензионирањето ќе зависи во многу од обемот на акумулираните средства на индивидуалната сметка. Ова сигурно изгледа сложено, но токму тоа треба да ги поттикне членовите да го контактираат пензиското друштво и да бараат одговори. Пензискиот систем често пати е топ тема во јавноста. Има голем дефицит во Фондот за ПИОМ (прв столб), има неповолни демографски движења, има иселување на млади луѓе, треба ли да се помести старосната граница за пензионирање, дали е доволна висината на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и редица други прашања. Тие често се дебатираат и кај обичниот граѓанин предизвикуваат страв, недоверба, неизвесност... Сѐ уште системот за исплата на пензија преку Фондот на ПИОМ е поразбирлив на граѓаните, но многу е важно да се разбере и суштината на тростолбниот систем. Така ќе можат да се разрешат дел од дилемите, ќе може да се планира иднината поизвесно, а во крајна линија преку сегашното дополнително издвојување на дел од приходите ќе може да се достигне посакуваното ниво на стандард во пензионерските денови.

Кога е најдобро време да се почне со дополнително штедење за пензионерските денови, конкретно со вложување во третиот пензиски столб?

- Во доброволното пензиско осигурување може да членуваат лица на возраст од 15 до 70 години, индивидуално или преку пензиска шема на нивниот работодавач. Токму тоа отвора два аспекти на гледање. Индивидуално, сите ние треба да бидеме свесни дека основното, задолжителното пензиско осигурување, можеби нема да ги задоволува нашите потреби во пензионерските денови така како што посакуваме. Затоа, колку порано толку подобро и во зависност од можностите, дел од приходите треба да ги издвоиме за доброволно пензиско осигурување. Не постојат ограничувања на износите и редовноста во уплатата и токму тоа е причина повеќе активно да гледаме на оваа опција за штедење. Друштвата можат многу да помогнат во правењето на плановите за уплата. Од друга страна, пензиските шеми на компаниите се исклучително добра можност, гледано од многу аспекти. За компанијата тоа е добра можност да искористи одредени даночни бенефиции, да манифестира повисоко ниво на грижа за своите вработени или да диференцира вработени кои се посебно вредни за компанијата и дополнителното пензиско осигурување да го користи како алатка во управување со човечките ресурси.

Иако во крајна линија сѐ зависи од економската моќ и заработувачката на поединецот или компанијата, сепак нашите проценки се дека многу поголема група граѓани можат да си дозволат издвојување на сума, на пример од 1.000 денари месечно, без значајно да го нарушат планот за трошење на сопствениот буџет, а тоа во иднина може да значи пензиска заштеда достапна во време кога ќе биде најпотребна.

Во основа, колку порано започнете да размислувате и да штедите за пензионерските денови, толку подобро.

Кои придобивки ги имаат граѓаните од членувањето во вториот и третиот пензиски столб?

- Членувањето во вториот пензиски столб носи повеќе значајни придобивки. Сите лица кои се членови на вториот столб, кога ќе остварат право на пензија, своите примања ќе ги добиваат од два извора. Едниот е државниот пензиски Фонд на ПИОМ, а вториот е од неговата сметка во приватен пензиски фонд кои ќе ги исплаќа или пензиското друштво или друга институција овластена за исплата на пензии од втор и трет столб. Средствата кои се уплатени во вториот и третиот столб се инвестираат со цел да се остварипринос кој им припаѓа на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределува на нивните сметки. Приносите се променливи и зависат од состојбите и движењата на пазарите на капитал и финансиските пазари, како и од надоместоците наплатени од Друштвото кое управува со пензискиот фонд. Основната придобивка е диверзифицирањето на изворите за исплата на пензија во иднина, а и транспарентноста на капитално финансираните пензиски фондови е многу значајна придобивка.Секој член има можност преку интернет страницата на Друштвото и преку сервисот за прегледување на личната сметка, да ги следи уплатите на придонеси, вкупната пензиска заштеда, да се информира за приносите кои ги остварува, надоместоците кои ги наплатува неговото пензиско друштво и слично. Членот може секогаш да биде во тек со тоа како и каде се инвестирани неговите пари.

И додека вториот столб е дел од задолжителното пензиско осигурување, третиот столб односно доброволното пензиско осигурување има дополнителни погодности. Постојат јасно дефинирани даночни ослободувања за уплатите од компаниите кои направиле пензиски шеми, а од друга страна индивидуалните членови имаат право на поврат на персонален данок за уплатените средства во доброволниот фонд.

Дополнителна придобивка за членовите во доброволен пензиски фонд е можноста за  користење на акумулираните средства 10 години пред остварувањето на право на старосна пензија, во облик на еднократна исплата или друг вид аранжман кој ќе обезбеди повеќекратни исплати во одреден временски период.

Колку корисници од вашето Друштво се членови во вториот, а колку во третиот столб? Колку средства се акумулирани на нивните индивидуалните сметки?

- Според официјалните податоци на МАПАС (www.mapas.mk),задолжителниот пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд заклучно со 31.10.2017 година вкупно брои 216.684 членови и времено распределени лица. Нето средствата акумулирани во задолжителниот пензиски фонд изнесуваат 26.016,84 милиони денари или нешто повеќе од 423 милиони евра.

Во доброволниот пензиски фонд НЛБ Пензија плус, вкупниот број на членови заклучно со 31.10.2017 изнесува 9.498 членови, додека пак нето средствата во фондот изнесуваат 563.268,26 илјади денари или нешто повеќе од 9 милиони евра.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229www.mapas.mk

Можеби ќе ве интересира

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон