Митко Чавков имал инфаркт
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, e примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт.
Тој бил донесен од струмичката болница на Клиниката за кардиологија, каде што првично бил сместен. Лекувањето понатаму го продолжил во приватна болница.