19 Март, 2024
0.0677

Митко Кожувчанка: Јас ќе го водам Кавадарци, а за промените во ДПМНЕ нека одлучи партијата

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Митко Јанчев е еден од ретките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ кој успеа да победи на локалните избори во општина Кавадарци со што го наруши синилото кое доминира во преостанатите општини каде СДСМ убедливо победи. Кавадарци е многу актуелен град период поради случувањата во ФЕНИ и положбата на околу 800 вработени и многу други кои зависат од работата на комбинатот. Секако, Кавадарци е и политички интересно да се обзервира бидејќи е единдствен поголем град во кој ВМРО-ДПМНЕ победи, па така Јанчев ќе биде еден од столбовите на партијата во локалната власт со надеж дека преку промени ќе станат повторно релевантни на политичката сцена по еден како што веќе кажавме тежок пораз. Јанчев е еден од попознатите бизнисмени во Македонија преку неговата компанија Кожувачнка, добар дел од граѓаните на Кавадарци го оценуваат како професионалец и квалитетен кадар над партиската припадност и му дадодоа доверба пред Бетиане Китев од СДСМ.

Разговараше: Христијан Станоевиќ

Фактор: Изборите и целата ефуфорија која траеше од кампањата наваму треба полека да спласнува. Вие сте еден од ретките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ кој успеа да победи на изборите. Добар дел од граѓаните на Кавадарци на вас гледаат пред се како квалитетен бизнисмен и соодветна личност за водење на општината, па како ќе успеете да ги надминете партиските разлики и несогласување со цел развој на градот?

Јанчев: Функцијата градоначалник носи големи одговорности. Овде сум за граѓаните и нивните потреби за подобро утре и за подобра иднина. Градоначалникот треба да дејствува за сите граѓани без разлика на нивната политичка страна. Ќе го искористам моето досегашно искуство, моите менаџерски способности и довербата од граѓаните и заедно со нив, да создадеме убаво Кавадарци за сите граѓани без разлика на нивната политичка ориентираност.

Фактор: Во текот на кампањата и непосредно пред гласањето имавте неколку незгодни ситуации вклучувајќи ја и полицијата. Дали ваквиот однос го сметате за директен притисок врз вас и дали тоа ќе влијае на вашата работа како градоначалник во наредниот период?

Јанчев: Во текот на кампањата имаше многу притисоци и незгодни ситуации. Ситуацијата со полицијата беше доста стресна како за мене така и за луѓето кои беа во моја придружба, но и за моето семејство. Ваквиот притисок нема никакво влијание во извршувањето на мојата функција градоначалник. Можеби влијае на мене како личност, таквите притисоци од страна на полицијата кои беа непотребни и неосновани останаа да ме потсетуваат на лошото чувство во тој момент, но тоа во никој случај не е пречка и нема никаков притисок во моето дејствување како градоначалник.

Фактор: Дали ќе останете близок со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сметате ли дека по изборните резултати потребни се промени, вклучувајќи ја и таа на лидерот Груевски?

Јанчев: Односот помеѓу мене и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е ист и како пред изборите, нема никакви промени во нашиот однос ниту пак ќе има. За промените внатре во партијата и за раководството оставам партијата да одлучи за тие промени.

Фактор: Дали вашиот против кандидат Бетиане Китев ви ја честиташе победата и како ги гледате односите со него и структурата на СДСМ во Кавадарци. Може ли да очекуваме избор на луѓе за општинската администрација кај кои партиската книшка нема да биде главен предуслов за вработување туку личните квалитети?

Јанчев: За жал, се уште немам добиено честитки за победата од страна на против кандидатот Бетиане Китев. Мојот однос со Китев и структирата на СДСМ како и изборот на луѓе за општинската администрација е крајно професионален, тука немаат влијание партиските книшки, ќе се дејствува исклучиво професионално.

Фактор: Актуелен е и проблемот со комбинатот ФЕНИ кој има големи долгови и проблеми да најде инвеститор за да продолжи да работа. Со оглед на тоа што во голема мера градот зависи од судбината на ФЕНИ што може вие да допринесете за решавање на овој проблем, имате ли разработено сценарија за реагирање од конечниот исход и

Јанчев: Судбината на граѓаните кои се вработени во ФЕНИ како и превозниците, во моментот е најважна. Јас сум доволно информиран за целата ситуација и вклучен во наоѓањето решеније толку колку што моите ингеренции дозволуваат.

Фактор: Дали Кавадарци може да добие економија која нема да зависи само од една фабрика, кои се главните потенцијали и како истите може да се искористат и унапредат?

Јанчев: Кавадарци и сега има добро развиена економија. Ќе се обидам таа економија да се искачи на уште повисоко ниво. Лозарството како важна гранка во Кавадарци и големиот потенцијал ќе оди во нагорна линија со решавањето на досегашните проблеми како што е пласманот на грозјето и плаќањето. Во наредните 4 години ќе се трудиме да ги искористиме сите потенцијали кои ги има Кавадарци, за да создадеме убаво Кавадарци кое ќе биде на прво место.

Фактор: Не е тајна дека сте сопственик на брендот Кожувачанка и важите за еден од поуспешните бизнисмени во Македонија. Дали политиката стана место резервирано само за тие со „длабоки“ џебови, а во последно време и бизнис сам по себе кој носи многу бенефиции како на локално, така и на централно ниво. Може ли да гарантирате дека како градоначалник ќе немате судир на интереси?

Јанчев: Гарантирам дека нема да имам судир на интереси. А што се однесува до “плитките“ или “длабоките“ џебови во право сте дека работите се менуваат. Во политиката влегоа луѓе со “длабоки“ џебови за да создаваат, да го искористат својот потенцијал притоа не гледајќи финансиски приоритет во политичките дејствувања.

Фактор: Ве обвинуваа дека преку вашата компанија претежно соработувавте со медиуми кои беа блиски само до претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ преку спонзорства. Дали сметате дека со тоа ја добивте нивната поддршка и во јавните кампањи?

Јанчев: Кожувчанка е реномирана компанија која од ден во ден станува се поуспешна а сето тоа е резултат на крајно професионалниот однос во работата. Кожувчанка соработува исклучиво со професионални медиуми.


Можеби ќе ве интересира

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо