28 Март, 2024
0.0250

Митревски пред смена од ССМ, ја обвини Царовска за упад

Објавено во: Економија 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Живко Митревски како нелегитимен претседател на ССМ кој повеќе не е синдикален лидер според синдикалниот регистар може наскоро да биде принуден да ја напушти синдикалната зграда која практично ја окупираше со свое приватно обезбедување и ги протера побунетите синдикати кои побараа негова смена.

Откако министерката за труд и социјална политика го прогласи за ништовно решението на претходниот министер Ибрахими, сега сосема извесно е дека Дарко Димовски кој беше избран за нов претседател на ССМ наскоро ќе може и да стапи на функцијата. Останува уште неговиот избор да биде потврден и од Централниот регистар како легитимен синдикален лидер. 

Затоа спорниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски бара оставка од министерката за труд и социјала Мила Царовска која сега ја обвинува дека вршела упад во работата на синдикатот.

Тој на прес конференцијата не можеше да даде одговор како тоа истиот правен лек во истата правна процедура еднаш употребен од Ибраими е легален, а сега кога Царовска го примени истото поништување е против законите. 

Исто така немаше и одговор дали би потпишал декларација за соработка со новата влада како социјален партнер како што тоа го направи со владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон