Митрополит Варненски Јован: Прашањето за МПЦ е сериозна тема што треба мора да биде решена на многу одговорен начин
Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2017
Бугарската православна црква ќе го разгледува барањето на МПЦ-ОА да ѝ стане црква-мајка откако ќе го слушне мислењето и на другите цркви.
Oва го изјави бугарскиот митрополит Варненски и Великопреславски Јован, пренесува БТА. Тој наведува дека прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба мора да биде решена на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот канонски ред.
„Брзите решенија никогаш не се добри“- изјави митрополитот Јован пред денешната утринска литургија во црквата Свети Александар Невски во Софија.
Тој не прецизира дали прашањето за МПЦ ќе биде разгледувано за време на претстојната посета на бугарскиот патријарх Неофит на Москва. Вели дека посетата на поглаварот на БПЦ на Москва има конкретен повод, а тоа е 100-годишнината од интронизацијата на Светиот патријарх Тихон.
Пред неколку дена Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА.