Младите Балканци тешко се двојат од родителите, Скандинавците немаат проблем!
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2013
Повеќе од 56,4 % од младите во Словенија на возраст од 25 до 35 се уште живеат барем со еден од своите родители, покажуваат податоците на Евростат. По нив следуваат младите во Бугарија каде 55,7 отсто живеат со родителите, во Малта 51,9 отсто и во Грција со 50,7 проценти.
Во скандинавските држави младите најчесто се двојат од родителите.Во Шведска и Финска 4,1 отсто од младите живеат со родителите, а во Данска процентот е едвај 1,9 отсто.
Процентот во Германија е околу 14,7 отсто, а во Франција - 11,6 проценти.