25 Април, 2024
0.0277

ММАГАЗИН (МАШКИ МАГАЗИН) – ЕДИНСТВЕНОТО МАШКО СПИСАНИЕ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ!

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Од денес на вашата омилена „весникара“ е првиот машки магазин на овие простори – М магазин. Вести, мода, стил, нега, здравје, фитнес, исхрана, девојки, секс, патувања, култура, познати личности, интервјуа, кариера, блогови, спорт, забава... сè на едно место, за мажи.

Во пријатна и забавна атмосфера во ресторанот Воденица во Скопје, во присуство на голем број еминентни гости беше промовиран првиот машки магазин на овие простори ММагазин. Вистинско освежување на македонското медиумско небо, проблесок низ темните облаци на офаа сфера, кој треба да донесе еден нов новинарски пристап. Да зачекори во некои поинакви простори и видици.


Ова е мошне храбар чекор во време кога ваквите изданија поради напливот на дигиталната технологија полека го губат здивот. Истражувањата велат дека луѓето се повеќе губат доверба во веродостојноста на содржините на социјалните мрежи. Се вели дека тие за „добар совет“ сè повеќе враќаат на печатените медиуми, оставајќи социјалните мрежа само за „инстатнт забава“. 


А ние имаме што да понудиме, посебно за мажите кои посакуваат добар совет од стилист, моден креатор, фитнес инструктор, лекар... Посакуваат да прочитаат за својот омилен спортски клуб, за некој добар филм, театарска претстава... како да ја импресионираат понежната страна, како да препознаат добро вино – да направат сами добро јадење... 


  А, да не заборавиме  дека за нив во секој момент тука е светот на автомобилите, мотоциклите, технологиите спакувани во симболот на куќата – Авто Плус, исто дел од списанието, кој е производ на Куќата веќе 25 години. Затоа, верувајте ние ја знаеме формулата. Имаме тим за нови високи достигнувања.., потенцира првиот човек на ММагазин (Машки Магазин), Виктор Кошевалиски. – Oва е само нашиот прв чекор, допрва ќе видите што се можеме и умееме да ви понудиме!

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan