ММФ деблокира две транши од помошта за Грција
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2013
Меѓународниот монетарен фонд денеска деблокира две транши од помошта за Грција во вредност од вкупно 3,2 милијарди евра кои беа замрзнати неколку месеци заради стравувања поврзани со огромниот долг на Атина.
По неколкумесечни преговори ММФ успеа да постигне во крајот на 2012 година со Атина и партнерите од тојката (ЕУ и ЕЦБ) договор за деблокирање на таа помош која е исклучително важна за државата која е во рецесија.