20 Април, 2024
0.0279

ММФ И ЕКОНОМИЈАТА: Збогум за 2017, каква ќе биде 2018?

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Се ситни последниот економски квартал од годинава. Неизвесноста од политичката криза, која се прелеа и во оваа 2017 година, го зеде својот данок во економијата. Второто тромесечје заврши со пад на БДП од 1,8%. На истекот од оваа година, Меѓународниот монетарен фонд излезе со нова проекција за економскиот раст – ревидирана во надолна линија. Според прогнозите на ММФ, македонската економија годинава ќе оствари раст од 2,5%, пониска стапка во однос на претходно проектираната од 3,2%. И најновата оценка на НБМ ја става под знак прашалник сегашната проекција за раст.

“Во однос на конкретните економски показатели, по падот на економската активност на  БДП во второто тримесечје, високофреквентите показатели за третиот квартал даваат различни сигнали. Поволни движења се забележуваат во градежниот сектор и трговијата, а воедно поволни се и сигналите коишто ги даваат и анкетните истражувања за економската доверба. Од друга страна, движењата во индустрискиот сектор се понеповолни во однос на вториот квартал. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за третото тримесечје се ограничени, заради што тешко може да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активоста во овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првата половина од годината создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година“ - соопшти Народната банка отако заседаваше Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

Како една од причините за намалување на економскиот раст, домашните финансиски институции ја наведуваат инвестициската апстиненција.

“Споредено со проекцијата, како и во првиот квартал, и во вториот квартал остварувањето е пониско од очекувањата, а главната причина е високото намалување на бруто-инвестициите“ - велат од Народната банка.

Со новите ревидирани прогнози на ММФ, Македонија во споредба со земјите од регионот ќе испорача најниска стапка на раст. Само економијата на Босна и Херцеговина ќе испорача иста стапка на раст како и македонската економија, додека ММФ за Албанија предвидува БДП од 3,7%, за Хрватска 2,9%, за Косово 3,5% и за Србија и Црна Гора по 3 отсто економски раст.

Годинава Меѓународниот монетарен фонд во два наврати ја намали прогнозата за економски раст, најпрово од 3,5% на 3,2% и сега од 3,2% на 2,5%. Неодамна, министерот за финансии Драган Тевдовски оцени дека негативните показатели за растот на економијата се привремени, со оптимистичка прогноза дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот раст на БДП од 2,2%.

Пад инвестициите и на девизините резерви ..

Во вториот економски квартал, наспроти очекувањата за нето-прилив на странски инвестиции, регистриран е одлив.

“Остварувањата кај портфолио- инвестициите се во рамки на очекувањата со проекцијата, додека остварувањата кај странските директни инвестиции и долгорочните заеми во вториот квартал се послаби. Кај странските директни инвестиции наместо очекуваните нето-приливи, се остварени нето-одливи. Пониски нето- приливи се забележани и кај долгорочните заеми, како резултат на пониските повлекувања од страна на останатите сектори“ - наведуваат од Народната банка.

Кај финансиската сметка, во текот на втроиот квартал, вкупно се остварени нето-приливи од 46,6 милиони евра (или 0,5% од БДП), што е повисоко од очекувањата за ова економско тромесечје. Во исто време, поради отплата на надворешниот долг, на крајот од август забележан е пад на девизините резерви за 124,5 милиони евра, пришто салдото изнесувало 2 милијарди и 275 милиони евра.

“Намалувањето кај девизните резерви во најголем дел произлегува од трансакциите за сметка на државата, како резултат на редовното намирување на достасаниот надворешен долг. Исто така, негативно влијание имаше и категоријата валутни промени и промената на цената на златото“ - соопштија од НБМ.

Економијата и политиката ...

Показателите за економските движења повторно беа причина з аразмена на обвинувања помеѓу СДСМ и Вмро Дпмне. Откако Заводот за статистика објави дека во вториот кавртал БДП изнесува -1,9%, опозициската СДСМ вината ја насочи кон власта.

“Државниот завод за статистика конечно објави финална бројка за минатата година… БДП растело за 2,9% во 2016. Денес, кога СДСМ е на власт БДП паѓа за 1,9%“ - напиша пратеникот од Вмро Дпмне Илија Димовски. Од партијата обвинија дека власта води погрешни економски политики.

“Владата на СДС создаде хаос во македонската економија. Владата на СДС за само 4 месеци Република Македонија ја втурна во рецесија. Оваа рецесија владата на Зоран Заев ја предизвика со одлуката да се преполоват капиталните инвестиции во државата, обвинува Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ возвратија дека опозицијата манипулира со наводна рецесија на економијата.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и хистерично манипулира со наводна рецесија потврдува дека тие погубно и лошо раководеа со економијата, За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%. Направените штети во економијата од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, аекономијата се раздвижува. Сите ги чувствуваат придобивките од одговорното, домаќинското и отчетно работење на Владата предводена од СДСМ, кое по победата на локалните избори ќе се преслика и на локално ниво“ - соопштија од СДСМ.

Дел од експертите и бизнисмените оценуваат дека оваа 2017 на некој начин може да се смета како “економски загубена година“, но сега позначајно ќе биде како ќе стартува следната 2018 година.

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?