ММФ одобри нов спас за Португалија
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2013
Меѓународниот монетарен фонд го одобри пуштањето на нова транша од финансиската помош за Португалија во износ од 838,8 милиони евра, во рамки на спасувачкиот план од 78 милијарди евра, изготвен од меѓународната заедница во мај 2011 година, пренесе БТА. Со оваа транша ММФ на Португалија до овој момент и има доделено 22,16 милијарди евра.