25 Април, 2024
0.5605

ММФ: Продолжената политичка неизвесност го зеде својот „данок”

Објавено во: Економија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Продолжената политичка неизвесност го зеде својот „данок” врз економскиот раст, преку страдање на инвестициите поради слабите одлуки. Формирањето на новата Влада означи важна пресвртница, констатираат од Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд. 

Од ММФ месецов направи годишен преглед на македонската економија, при што се очекува по забавување на реалниот раст на БДП на 2,4% во 2016 година тој да се ублажи до 1,9% во 2017 година, а инфлацијата да изнесува 1,2%. 

Политиките сега треба да се фокусираат на обновата на баферите за фискална политика и спроведувањето на критичните реформи за повторно оживување на растот и да се направи нов притисок кон изгледите за пристапување кон ЕУ. 

Извештајот оценува дека среднорочната перспектива е поволна во зависност од континуираната политичка стабилност и силната надворешна побарувачка.

„Реалниот раст на БДП се очекува одново да се врати на повисоко ниво во 2018 година и постепено да се зголеми на 3,75 отсто на среден рок, поддржан од подобрените одлуки од страна на инвеститорите, проширените извозни капацитети и континуирано подобрување на условите на пазарот на трудот. Ризиците во однос на изгледите се во надолна линија“ - пишува во извештајот на ММФ.

Од Мисијата на ММФ велат дека во отсуство на трајни мерки за консолидација, фискалниот дефицит се очекува да се прошири и јавниот долг да порасне.

„На среден рок, проектираниот дефицит ќе остане над 3,5% од БДП како одраз на исплатата на неисплатените обврски, субвенциите за зголемувања на платите и дополнителна поддршка за социјална заштита. Како резултат на тоа, се очекува јавниот долг да достигне ниво над 53% од БДП до 2022 година, при што се проценува дека потребите за фискални финансирања на бруто ниво да достигнат 15,5% од БДП“- се вели во извештајот.

Мисијата ја поздравува намерата на Владата да го зајакне управувањето со јавните финансии и да ја зголеми фискалната транспарентност, а банкарскиот систем го оценува како здрав.

Владата не размислува да ја зголеми старосната граница за пензионирање, објаснува министерот за финансии,  Драган Тевдовски. Вели дека засега нема план за зголемување на даноци и акцизите за горива како што вчера во завршната изјава, по средбите во Македонија препорача ММФ. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди