24 Април, 2024
0.0336

ММФ:Богатите Грци мора да си го платат својот дел од данокот

Објавено во: Балкан, Финансии 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Најбогатите слоеви од населението во Грција треба да платат добар дел од обновата на државата, изјави портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Џери Рајс, пренесува АФП. Ова беше изјавено по објавувањето на листата на сметки на 2000 богати Грци коишто парите ги изнеле во Швајцарија, што предизвика вистински скандал во Атина. „Даночната обврска треба да биде распределена праведно и врз најбогатите во грчкото општество, кои треба да си го платат она што го должат", истакна портпаролот во Вашингтон. Објавувањето на листа со грчките богати неплаќачи на данок, предизвика скандал во Атина во време кога земјата е изложена на драстични штедење и зголемување на даноците. Костас Ваксеванис, новинарот кој ја објави листата беше уапсен во неделата и обвинет за кршење на законот поради објавување на лични податоци. „ММФ многупати изјавувал дека е многу важно мерките за штедење да бидат распределени на праведен начин за грчкото население во момент кога тоа вложува огромни напори за враќање на земјата на вистинскиот пат", истакна Рајс. Наместо да се бори против криминалот на даночните измамници, судот се занимава со мене, вели обвинетиот новинар Ваксеванис. Адвокатите  тврдат дека некои од луѓето чии имиња фигурираат на списокот со сопственици на банкарски сметки во Швајцарија, ќе сведочат во корист на новинарот. Спорната листа содржи 2059 имиња на лица за кои се сомнева дека имаат банкарски сметки во швајцарски банки со цел затајување данок. Меѓу објавените имиња има и истакнати членови на грчкиот политички и бизнис врв.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“