МНР: Има ли повредени македонски државјани во Мексико?
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017
Македонската амбасада во Соединетите Американски Држави до овој момент нема сознанија за македонски државајни погодени од земјотресот во Мексико, oбјави попладнево Министерството за надворешни работи.
„Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации. Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефонски броеви: 00 1 202 390 7418 и 00 1 202 667 0501“- се наведува во соопштението на МНР.
Во силниот земјотрес, со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди централниот дел на Мексико, според последните податоци, загинале 216 лица во главниот град Мексико Сити и во државите Пуебла, Мексико и Морелос.