Могерини ќе биде домаќин на состанокот меѓу Александар Вучиќ и Хашим Тачи
Објавено во: Балкан 28 Август, 2017
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, ќе биде домаќин на состанок помеѓу српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи, кој ќе се одржи на 31-ви август. Разговорите ќе бидат за начините за продолжување на преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Дипломат исто така рече дека двајцата претседатели ќе разговараат за состојбата на веќе склучените договори меѓу страните во нивниот билатерален дијалог.
Се очекува на претстојната средба да стане прашање и за постигнување на конечен договор меѓу Србија и Косово. "Сметам дека до крајот на овој мандат на Европската комисија (2014-2019 година) можеме да ја постигнеме целта за барањето на конкретни и значајни чекори за секој од нашите балкански партнери во нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ", рече уште Могерини.
Според неа, независно од некои тешки моменти во текот на годината, земјите партнерки на Балканот покажале желба за напредок на патот кон ЕУ. За прв пат Вучиќ и Тачи се сретнаа како претседатели на 3 јули во Брисел, кога се договорија за започнување на нова фаза во односите меѓу двете држави.
Самиот дијалог меѓу Приштина и Белград започна уште во 2011 година, а првиот договор меѓу нив беше за регулирање на нивната заедничка граница и преминувањето на луѓе низ неа. Во 2013 година беше постигнат договор за нормализирање на билатералните односи и формирање заедница на српски општини.