МОЈ ТЕРМИН ЌЕ СЕ НАДГРАДУВА: Ќе се оправда ли конечно постоењето на овој систем?
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Околу 15 илјади корисници и над четири илјади здравствени установи моментално го користат електронскио систем „Мој термин“ а надлежните најавија реосфежување односно надградба со воведување на нови функции .
Тазе министерот Венко Филипче вели дека со надградбата на овој електронски системинистерството ќе има централна контрола и увид во се со што располага ресорното министерство во секој момент.
Филипче посочува дека нивната цел е „Мој термин“ да биде вистински електронски систем кој што ќе ги интегрира сите здравствени институции во нашата држава, дополнувајќи дека е почната имплементацијата на одредени модули во сите јавни здравствени институции за да се унифицира материјалното и финансиското работење, но и да се има увид во сите материјали и лекови кои што се користат во сите институции.
За потсетување дека однеодамна беше воспоставено софтверско решение за Регистар на лица со ретки болести, како и модул за следење и исход на бременоста или електронска евиденција на акушерска и гинеколошка историја на пациентките.