Моќен ураган со ветрови од 260 км/ч се заканува на Карибите
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2016
Огромна бура се упатува кон карипските земји. Ураганот „Метју“ е најмоќниот, кој е формиран оваа година во Атлантскиот океан.
Тој носи ветрови со брзина до 260 километри на час. Веќе е категоризиран од највисока, 5-та категорија.
Ураган како „Метју“ може да собори цврста куќа, предупредуваат метеоролозите. Веќе се пријавува за жртви на ураганот од Колумбија, дури до Гренадините, на повеќе од 1.000 километри одлаеченост.
Најтешка се очекува да биде ситуацијата во Јамајка, каде ураганот ќе достигне утре вечер.