Момче направи масакр во кафуле во хрватскиот град Слатина
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2017
Момче на возраст од 17 години влегло во кафуле во хрватскиот град Слатина со два ножа и почнало да ги боде луѓето.
Инцидентот се случил рано изутрина, а повредените лица се на возраст меѓу 17 и 28 години. Од нив пет лица имаат полесни повреди, додека едно 17-годишно момче, со потешки повреди, е задржано во Општата болница.
Напаѓачот по инцидентот побегнал, но полицијата претпладнево го пронајде и го приведе.
Еден од очевидците изјави дека момчињата биле нападнати без никаква причина, но дека напаѓачот и претходно им се заканувал.