МОН ги објави конечните резултати за домовите, сајтот недостапен
Објавено во: Македонија 15 Август, 2017
Министерството за образование и наука соопшти дека се објавени конечните резултати од вториот приемен рок од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
Конечните резултати од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови се достапни на следниот линк.
Сепак, веб страницата на Министерството за образование и наука во моментот на објава на овој текст е недостапна и има технички проблеми.
Електронското пријавување траеше до 4 август за преостанатите слободни места.