28 Март, 2024
0.1117

МОН ја разбива лажната пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ за дисперзираните студии

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука даде конкретни податоци за тоа каков бил интересот за упис на дисперзираните студии на државните универзитети досега и тоа дека тие се укинуваат таму каде што нема интерес, а не севкупкно.

Лажниот популизам и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина. Затоа тие панично реагираат на обелоденувањето на нивната лажна понуда на дисперзирани студии на УКИМ, реагираат преку соопштение од Министерството за образование.

– Наспроти тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, бројките покажуваат дека изминативе години впрочем и не се реализирале дисперзирани студии на УКИМ. Напротив, биле распишувани конкурси за упис од Владата, на кои или никој не се пријавувал, или малкумината средношколци кои се пријавувале не добивале шанса да студираат на дисперзираните студии, туку заради неможноста да се формира група, биле префрлани на матичните факултети – се наведува во соопштението од МОН.

На пример, на Технолошко – металуршки факултет – Скопје во последните три учебни години (2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017) и покрај тоа што постоеле дисперзирани студии на истите немало пријавено кандидати. Иста е ситуацијата и со Земјоделскиот факултет од Скопје.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 кандидати за дисперзираните студии во Тетово; за учебната 2015/2016 година се пријавиле 3 кандидати за дисперзираните студии во Тетово од кои 1 се запишал; за учебната 2016/2017 година се пријавиле 6 кандидати за дисперзираните студии во Тетово. Во ниедна од овие години не се одвивала настава на дисперзирани студии, биејќи бројот на пријавени не бил доволен за формирање група студенти, па студентите биле запишани на студии во Скопје.

На Економскиот факултет од  Скопје за учебната 2014/2015 година ниеден студент не се пријавил на дисперзираните студии во Тетово, а 16 студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Велес; за учебната 2015/2016 година 6 студенти се запишале на дисперзираните студии во Тетово, а 13 се запишале на дисперзираните студии во Велес; додека за учебната 2016/2017 година 10 студенти се запишале на дисперзираните студии во Тетово, а 9 студенти се запишале на дисперзираните студии во Велес

И на овој факултет во ниедна од овие студиски години не се одвивала настава на дисперзирани студии, бидејќи бројот на пријавени не бил доволен за формирање група студенти, па студентите биле запишани на студии во Скопје.

На Машинскиот факултет од Скопје, за учебната 2014/2015 година 1 студент се запишал на дисперзираните студии во Струга, а 2 студенти се запишале на дисперзираните студии во Кавадарци; за учебната 2015/2016 годиан ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Струга, 3 студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Кавадарци, со тоа што едниот од нив имал некомплетна документација, а останатите двајца воопшто не дошле да ги поднесат документите за упис; а за учебната 2016/2017 година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Струга и во Кавадарци. Со тоа ни на овој факултет немало настава на дисперзирани студии.

Тоа само по себе е потврда за лажната паника која ВМРО-ДПМНЕ ја шири, но и доказ за фиктивните проекти кои ги воведуваше. Новата Влада нема да ги лаже студентите како претходната. Нема да распишува фиктивни конкурси за упис на студии кои нема да се реализираат. За нас зборот е збор! Затоа оваа година ќе има конкурс само за упис на дисперзираните студии на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и “Гоце Делчев” од Штип за кои студентите досега покажуваа интерес, велат од МОН.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант