20 Април, 2024
0.0294

Монетите од 50 дени заминаа во историјата, ама уште ни ги наплаќаат!

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако Народната банка на Македонија од почетокот на годинава официјално ги повлече од оптек 50-те дени, тие и понатаму се користат, а како најсвеж пример е понеделничкото намалување на цената на бензините за половина денар или пак сметката за струја која може да изнесува 2.300,50 денари, пишува Дневник, именувајќи го ова како „легитимен грабеж“. Советот на Народната банка донесе одлука за повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени и одлучи најнискиот апоен да изнесува 1 денар. Иако сите сфатија дека кованицата од 50 дени конечно оди во историјата, од НБМ објаснуваат дека одлуката за најнискиот апоен на денарите во прометот се однесува само на готовинскиот и безготовинскиот платен промет и на деловните книги. „Досегот на одлуката не се однесува на утврдувањето цени и тарифи врз основа на соодветни прописи, методологии и тарифни системи. Со други зборови, одлуката не треба да се сфати во смисла дека при формирањето и утврдувањето на цените и тарифите не се користат децимали. Само при плаќањето и наплатата, како и при водењето на деловните книги потребно е износите од 0 до 49 дени да се заокружат на 0, а износите од 50 до 99 дени да се заокружат на 1 денар“, објаснуваат од Народната банка на Македонија. Ваквото заокружување на сумата, познавачите коментираат дека не чини околу милиони евра годишно. Токму од овие ситни и за многумина безначајни, се полнат нечии каси со дополнителен приход, пишува Дневник чија пресметка покажува дека ако во еден ден во некој од поголемите супермаркети на само 1.000 граѓани на сметката им се заокружи крајниот износ на еден денар, ќарот дневно ќе биде 500 денари, месечно 15.000 денари, а годишно дури 180.000 денари.  

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга