21 Ноември, 2017
0.4706
    ADIN 540    -1.82%     ALK 7350    -0.51%     BESK 10300    0%     CEVI 912    0%     FERS 57750    -2.94%     GRNT 801    -2.95%     KJUBI 1400    -2.78%     KMB 2700    0%     LOTO 600    0%     MPT 26900    -0.37%     MTUR 4224    3%     OHB 4851.54    -0.17%     REPL 54800    0.37%     RMDEN11 96    -0.62%     RMDEN13 96.4    1.47%     RMDEN15 95    0.05%     STBP 600    -0.17%     TETE 1938    4.76%     TNB 13500    -0.01%     TTK 816    0.38%     UNI 1905    0%     ZPKO 2600    -2%

Мони Дамевски: „Македонија“ е фасцинантна серија

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2017

Серијата Македонија  започнува да се емитува Тоа е серија на која се работеше две години. Снимањето се реализираше во Македонија, Хрватска, Франција и САД. 

Во серијата, која според амбициозниот план треба да има  4 сезони и вкупно 80 епизоди, поревејува плејада од докажени актерски имиња меѓу кои се: Мони Дамевски, Емил Рубен, Александар Михајловски, Александар Ристовски, Дејан Лилиќ, Марко Ковачевиќ.

За серијата, разговараме со Мони Дамевски

Фактор:  Дали сметате дека серијата Македонија ќе и се допадне на публиката?

Мони Дамевски –Во текот на повеќе од 40 години работа на полето на театарот и филмот, низ рацете ми поминале многу, многу драмски текстови и сценарија, некои од помалку познати, а други од многу познати, па дури и славни светски автори. Темата некогаш ми се допаѓала, некогаш не, зашто тоа е прашање на вкус. Но, квалитетот на сценариото е мерлива категорија која е секогаш видлива и јасна. Оттука, мислам дека ќе кажам се, ако речам дека сценариото за ТВ серијата „Македонија“ е најдоброто нешто што сум го прочитал на полето на ТВ продукцијата во текот на мојата професионална кариера. Извонредно напишано, а воедно и возбудливо, и како тема и како приказна, барем за мене, тоа ме плени при првото читање, а се вљубувам се подлабоко со секое наредно. Ако згора на тоа биде реализирана така како што до сега се работеше и ако изгледа како што изгледа промотивниот материјал што завчера беше објавен на YouTube, јас мислам дека никого нема да остави рамнодушен и незаинтересиран, а јас ќе бидам горд што сум дел од овој проект.

Фактор: Дали крајот зависи од љубовта?

Мони Дамевски – За мене да. Зависи од нашата љубов кон ова парче земја што го нарекуваме татковина, и пред сè и над се од нашата љубов и почит кон нашите сограѓани. При тоа, љубовта за која зборувам не е филозофска категорија, туку е начинот на кој се однесуваме кон Македонија, односно Македонците. Зашто само така може да се измери вистинската љубов. Инаку, за каква љубов зборуваме, ако велиме дека ја сакаме татковината, а ги уништуваме нејзините шуми со пожари, или фрламе ѓубре на нашите улици и по нашите падини, или ги уништуваме тротоарите возејќи по нив со нашите автомобили. Истото важи и за нашите постапки кон нашите сограѓани. Кога ќе умееме да ги сакаме, односно да ги почитуваме, да им помагаме и да соработуваме со нив, не врз база на нивната политичка или верска припадност, туку заради нивните вистински вредности-како луѓе, родители или професионалци-тогаш ќе имаме Македонија во која ќе биде радост да се живее и сите ќе ја нарекуваат своја, без при тоа да мечтаат да бидат дел од нешто друго.

Фактор: Вие бевте дел од екипата на серијата. Какви се впечатоци од снимањето?

Мони Дамевски – Сѐ уште сум, зашто ние сè уште снимаме, а впечатоците се феноменални. Како што веќе реков, извонредни и јасни сценарија (што е сон за секој актер), исклучителна екипа, соработка и разбирање, третман како да сте ѕвезда (и во Македонија и во Хрватска) и навремено плаќање… напросто задоволство да се работи.

Фактор: Колку до екипата допре прашањето „Што е Македонија?“?

Мони Дамевски – Би сакал да појаснам нешто за кое мислам дека има создадено голема забуна последниве неколку месеци, зашто гледам дека во јавноста доста се шпекулира за тоа. Имено, серијата „Македонија“ не е серијал на историски емисии работени за History Channel, туку играна ТВ серија. Со други зборови, станува збор за фикција – измислена љубовна приказна, авантура полна со страст, падови и успеси, чија цел е да ја возбуди, забавува, натера на размислување и понекогаш едуцира публиката што ќе ја следи, каде и да е во светот. Бидејќи во неа понекогаш патуваме низ македонската историјата, при обработката на историски настани и ликови кои фактички постоеле или се случиле, серијата се држи до историските факти. Патем, за мене и дел од нив беа фасцинантни, зашто не сум ги среќавал во литературата што сум ја читал до сега. Но, голем дел од ликовите, и во сегашноста и во минатото, се измислени, како што се измислени и нивните лични приказни. Е, тоа испреплетување на минатото и сегашноста, на фикцијата и реалноста, и оригиналниот начин на којшто е изведено, е тоа што оваа серија ја прави посебна и го плени секој што го читал сценариото.

Можеби ќе ве интересира

„Фчерашни новости“: Зошто е потребно да се донесе законот за јазиците?

„Фчерашни новости“: Зошто е потребно да се донесе законот за јазиците?

(ВИДЕО) КРИЗА ЗА ДОМУВАЊЕ: Оваа земја не може да се справи со бројот на милионери

(ВИДЕО) КРИЗА ЗА ДОМУВАЊЕ: Оваа земја не може да се справи со бројот на милионери

ПЕЦЕ ОД „СУПЕРХИКС“: Музиката ме излечи по смртта на брат ми

ПЕЦЕ ОД „СУПЕРХИКС“: Музиката ме излечи по смртта на брат ми

Сани: Еден „погрешен“ чекор ми ја донесе најтешката животна битка

Сани: Еден „погрешен“ чекор ми ја донесе најтешката животна битка

Доктор Соња Ралева: Вакцини, да или не?

Доктор Соња Ралева: Вакцини, да или не?

(ФОТО) АТЛАС НА СИГУРНОСТА: Земји каде е најопасно и најбезбедно да се патува

(ФОТО) АТЛАС НА СИГУРНОСТА: Земји каде е најопасно и најбезбедно да се патува

Не откривај си ја душата пред сите!

Не откривај си ја душата пред сите!

Боби Мојсовски: Се разочарав од музиката, засега имам втора пасија

Боби Мојсовски: Се разочарав од музиката, засега имам втора пасија

Катерина Ангеловска: „Биди најдобра верзија од себе“

Катерина Ангеловска: „Биди најдобра верзија од себе“