Монструмот од Лас Вегас немал абнормалии: Што покажала аутопсијата, од што полицијата се изненадила?
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017
Полицијата во Лас Бегас и понатаму се обидува да утврди зошто Стивен Педок, пензиониран раководител, на 1 октомври усмрти 58 и повреди преку 500 луѓе пред да изврши самоубиство.
Патолозите извршиле аутопсија и не е пронајдена ниту една абнормалност. Не боледувал од рак на мозокот, како што наводно тврдеше неговиот брат, велејќи дека би му било драго како би се утврдило дека Стивен страдал од неизлечива болест.
„Ќе ја продолжиме истрага, но постои реална можност никогаш да не утврдиме поради што тој го изврши ова злосторство“, рекол Џо Ломбардо, шериф од Лас Вегас.