Добивај вести на Viber
Многу повеќе пари треба да одвојат банките во Шпанија, Италија, Ирска и Велика Британија за да ги покриваат потенцијално лошите кредити. Ова го соопшти агенцијата за рејтинг Moody’s, пренесува Reuters.
-Според нас во многу банки, особено во Шпанија, Италија, Ирска и Велика Британија, се потребни значајни количини дополнителни провизии, за да го исчистат целосно билансот”, забележува Moody’s во извештај за светските банкарски перспективи за 2013 година.
-Во изминатите години некои банки го одложуваа целосното признавање на загубите од кредити, и делумното реструктуирање на заемите”, се додава во извештајот.
Moody’s не наведува колку точно дополнителни пари се потребни на банките. Друга водечка агенција за рејтинг е Fitch, која предупреди дека британските банки може да го потценат ризикувањето на хипотекарните заеми и може да имаат потреба од уште капитал за да го надминат тоа.
Според Moody’s 2013 година ќе биде променлива за банките во Европа, но агенцијата очекува кредитните рејтинзи да останат релативно стабилни.