19 Април, 2024
0.0277

Моралот, политиката и градските татковци

Објавено во: Колумни 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Вистинска должност на секој човек е да го почитува доброто, негова вистинска задача е да се труди да биде што е можно подобар,а негова вистинска цел е да настојува да го постигне најдоброто“

Оваа максима, која ја истакнува и преферира врвниот етичар Темков,  треба да биде ѕвезда водилка на секој оној кој има јавен ангажман, на сите личности од научната, политичката и интелектуална елита, кои имаат свое влијание и креираат јавно мнение. И не само тие, секој добронамерник, секој човек кој сака да чекори по вистинскиот животен пат и да ги почитува вистинските вредности и морални норми, треба да ја има на ум оваа максима. Доброто само по себе носи добро и да бидеш добар подразбира во секое свое дејание, ангажман, животна ситуација, па дури и обична комуникација секогаш, без двоумење, да те води принципот на доброто. Но дали е тоа така и кај нас и дали оние-креаторите на политичките и државните интереси се водени од принципот на доброто?

Доброто не подразбира интриги, напротив, доброто на вистина се радува

Во политичкиот БОН ТОН доброто е една од врвните вредности, и како такво,неминовно е да се цени и почитува во политичкото миље, посебно кога станува збор за време на избори, за време на изборна кампања. Во политичка конотација, да бидеш добар, да го почитуваш доброто и да го правиш најдоброто има повеќе аспекти. Најпрво да бидеш добар подразбира да имаш правилен и вистински однос и комуникација со секој добронамерник, па дури и политичка коректност и политичка добрина со својот политички противник. Да го чиниш најдоброто значи секогаш и во секоја ситуација, без калкулации и манипулации, да постапуваш секогаш во склад со добробитта, посебно добробитта за мнозинството граѓани. Доброто не подразбира интриги, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, напротив, доброто на вистина се радува, на правичност заблазнува, на хуманост се поклонува. И после вака перцепираното добро се прашувате-кој политичар го практицира него во вистинска смисла на зборот?

Мошне лесно се изрекуваат лаги, се конструираат приказни, се дискфаливикуваат луѓе

Малкумина политичари го практицираа доброто, повеќето го теоретизираат, а во практиката слабо го применуваат. Тоа само по себе кај нив подразбира и нужно морално двојство, посебно кај оние каде постои дискрепанца во теоретското и практичното добро, бидејќи, тие сакајќи да се додворат на гласачите, од устата им блика доброто, со сите параметри по себе, а во праксата го ставаат на дното на нивната вредносна скала. Таа хипокризија може и денес, посебно за време на политичка кампања, да ја увидите. Мошне лесно се изрекуваат лаги, се конструираат приказни, се дискфаливикуваат луѓе и сето тоа по цена не само сопствено добро. Е тогаш доброто не е добро, напротив, станува лошо, бидејќи мнозинството се лишени од можноста да го почувствуваат доброто и да имаат бенефит од него. Се додека не водат политичари и политичарки кои исклучително го следат доброто само за себе си и егоистично го кријат во своите пазуви, не дозволувајќи повеќемина да се облазнуваат од него, се дотогаш нема да имаме добро за мнозинството. И уште почудно, па дури и ступидно е кога со години истите политичарки и политичари, ве убедуваат вам дека со нивните дејанија и потези се залагаат за општштш добро, а вистината е дека нивното добро е егоистичко и индивидуалистичко. И истите тие мислат дека луѓето имаат кратко помнење, амнезија и дека заборавиле дека години наназад се шири истата приказна за колективно добро, а всушност е се само една обична манипулација, зад која бестрамно ѕирка индивидуалното добро и индивидуалниот бенефит.

Политичките хипокритизери да се тргнат од јавна сцена

Во политиката доброто се гледа и преку луѓето кои им ги нудиш за нивни локални и градски татковци, и токму тука можне лесно и едноставно можеш да го увидиш и направиш разлика за доброто само по себе и доброто за личен бенефит.  Политичкиот морал и политичките вредности секогаш треба да се во склад со општествено прифатените и вистински морални норми и вредности  и тие треба да бидат доминантни кај политичките фигури кои се кандидати за политички функции.  Но, се додека не заминат политичарки и политичари од јавната сцена кои преферираат индивидуално, наспрем општо и колективно добро, и кои низ текот на годините толку се извалкале политички, се дотогаш нема да имаме искрена верба во локалните и градски татковци дека ќе го шират општото добро. И затоа треба тие политичките хипокритизери да се тргнат од јавна сцена, да се погледнат убаво во своите огледала и еднаш засекогаш да сфатат дека во политиката никој не е вечен и дека прават повеќе штета него добро. А за останатите, кои се покажале како добри и племенити, е за нив е отворена сцената и секогаш ќе ја имаат мојата поддрша.

Проф. Д - р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок