Московици бара еврото да биде попривлечно за дел од земјите од ЕУ
Објавено во: Економија 24 Мај, 2017
Еврокомесарот за економија, Пиер Московици вели дека Европската комисија сака да го направи еврото попривлечно за членките на Европската Унија кои сè уште ја немаат прифатено европската валута.
Предлогот ќе биде објавен следната недела во рамки на разгледувањето на иднината на еврозоната, што е дел од обидите да се оживее Унијата без оглед на Брегзит и растот на евроскептицизмот, објави Ројтерс.
Московици додава дека намерата е ЕУ да се направи уште посилна по излезот на Велика Британија.
Во некои држави од Унијата, расположението е против воведување на еврото. Во Полска, 57% од граѓаните се против воведување на еврото, а мнозинството Хрвати, Унгарци и Романци се за негово прифаќање.
Инаку, германската канцеларка Ангела Меркел и највлијателен политичар во рамките на Европската Унија деновиве изјави дека еврото како главна валута сега е многу слабо поради монетарната политика која ја води Европската централна банка.