29 Март, 2024
0.0266

Москва го помина Лондон, изградена највисоката зграда во Европа

Објавено во: Свет, Македонија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Kулата „Mercury City“ која рускиот милијардер Игор Кесаев ја изгради во новиот финансиски кварт на Москва, ја тргна  „The Shard“ во Лондон од првото место на листата на највисоките облакодери во Европа, пишува Блумберг. Зградата е висока 339 метри, што е за 29 метри повеќе од „ The Shard“, објави компанијата на Кесаев. Облакодерот е проектиран од познатиот американски архитект Френк Вилијамс, кој почина во 2010 година, заедно со неговиот руски колега Михаил Посохин. Зградата, која има  70 спрови и се состои од канцеларии и станови, треба да биде целосно готова во првиот квартал на следната година. Инвестицијата се проценува на 1 милијарда долари. Експерти од консултантската компанија „Knight Frank“ очекуваат дека нема да има проблем со издавањето на канцелариски простор, а се очекува просторот да биде издаден по 800-900 долари за квадрат на годишно ниво. Голема е и побарувачката на станови во новата зграда, велат од компанијата, а почетната цена за квадратенен метар станбена површина во кулата е 11 илјади долари. Сепак, познавачите на состојби предвидуваат дека продажбата на становите во „Mercury City“ќе потрае 3-4 години. Причината за ова е големата понудата на луксузни станови на пазарот во моментов, бидејќи доста богаташи кои си купија станови во руската престолнина пред неколку години, во моментов ги продаваат.  

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?