МОСКВА ПРЕДУПРЕДУВА: Американскиот воен штит провоцира нова трка во вооружувањето
Објавено во: Свет 28 Март, 2017
Генералштабот на руските вооружени сили ги нарече „закана“ американските бродови во Црно Море, пренесува РИА Новости.
Пораката гласи: „патролирањето на САД во акваторија на Црното Море претставува потенцијална опасност за безбедноста на Руската Федерација, бидејќи не е јасно какви ракети се наоѓаат на бродовите“, забележуваат агенциите.
Американскиот обид да стекнат предност над Русија и Кина ја поткупува глобалната безбедност, се додава.
Русија процнува дека до 2020 година САД ќе имаат дури 1200 пресретнувачи на ракети на располагање, кои ќе бидат закана на противракетниот систем на Русија.
„Присуството на глобалниот антиракетен систем го снижува прагот за користење на нуклеарно оружје, бидејќи ни дава илузија за неказнување за користење стратешки офанзивни оружја под заштита на антибалистичкиот чадор“, рекол генерал потполковник Виктор Позникир, прв заменик началник на главното оперативно одделение на генералштабот.
„Антибалистичкиот штит е симбол на насобраните ракетни сили во светот и чкрапало за нова трка во вооружување“, рекол Позникир.