29 Март, 2024
0.0244

Можат ли Заев и Ципрас до решение без да ги прогласат за предавници?

Објавено во: Анализа 06 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Обвинувањата за продажба на државните интереси не се ништо ново кон актуелниот премиер Зоран Заев и делот од јавноста која кон него фрла со дрва и камења е научена на таквиот вид на говор уште од пред неколку години. Тврдокорните гласачи никогаш нема да стекнат доверба кон Заев, без оглед кои се неговите вистински намери и дали неговите потези се паметни и добро осмислени. Единствено што засега недостига во Македонија се поголеми протести против како што се вели промена на името, односно да се случи слично сценарио како во Грција со излегување на површина на национализмот за одбрана на државата од „клетите“ грци. 

Засега не е коректно да се уништува процесот на преговори особено не кога стигнуваат многу знаци дека постои разум кај грчката влада дека не може вечно да бега од овој проблем и дека и на грчката дипломатија значително ќе и олесно наоѓањето на решение. Затоа треба да се запрашаме што се македонските црвени линии за кои јавно власта не разговара во духот на добра волја во преговорите. 

Тоа и не треба јавно да биде премногу експлоатирано за добивање евтини политички поени и добивање на доверба која како што кажав уште на стартот нема никогаш Заев да ја добие од тврдокорните гласачи ниту да ги предомисли дека тој не е „предавникот“ па дури и да земе да се заколне на револвер и кама. 

Во конечното решение барем како што гледаме од досегашните официјални ставови на македонската дипломатија ќе нема простор за загрозување на македонските идентитетски одредници, односно оваа влада предводена од премиерот Заев нема да прифати загрозување на македонскиот идентитет со недостојни формулации за јазикот, нацијата, црквата. 

Овој пат разликата е што и Македонија и Грција се под голем меѓународен притисок да создадат најпрво услови за решение, а потоа двете влади да потпишат договор со заеднички прифатлив компромис. Јасно е дека тука ризикот е Грција да наметне услови кои се невозможни и понижувачки за Македонија и македонскиот народ што ќе предизвика огромни проблеми кај нас и кревање на тензии. 

Вториот ризик е да постигнеме квалитетен договор кој потоа повторно не би се почитувал ако на пример дојде до промена на власта во Грција со некоја порадикална десничарска партија која ќе се бори „Македонија да остане Грчка“. Тоа се сепак, засега само претпоставки но, дипломатите и македонските политичари мора да бидат подготвени на се и преку умешност и мудрост во преговорите да се погрижат дека достоинствениот договор ќе има и соодветни гаранции и механизми на обезбедување. 

Третиот ризик е Македонија да прифати болен компромис кој не само што ќе значи замена на референцата Поранешна Југословенска Република Македонија со сложено име кое ќе биде на долгорочни патеки штетни, туку и да прифати многу отстапки како големи промени на уставот и прифаќање на одредници кои ќе го навредат македонскиот народ. 

Секако, се уште има простор за напредок во преговорите и доаѓање до нормален договор кој секој одговорен државник е должен да го донесе. За политички последици врз кариерите на Заев и Ципрас засега е безпредметно да се дебатира, ниту пак за нивните „предавства“ како што дел од десницата и во Македонија и во Грција сака да разговара.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот