25 Април, 2024
0.0328

МОЖЕБИ НЕ МНОГУ АМА ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ: Овие уреди „ви крадат“ струја и кога се исклучени

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Некои уреди продолжуваат да трошат струја и кога ги исклучите. Навистина, во помала мерка, но и тоа е можно да се спречи.

Порталот „Bright side“ наведе пет примери на уреди кај кои потрошувачката на енергија продолжува и кога се исклучени.

1. Полначи

Доколку го оставате полначот во приклучокот откако го наполнивте уредот тој и понатаму ќе продолжи да троши струја. Се работи за мала количина, само 1,2 W дневно, но ако имате и повеќе полначи и честа навика на ваков однос кон нивно држење во приклучок се собира и потрошувачката.

2. Дигитален ресивер за ТВ

Ако продолжи да работи и откако го исклучите и годишно ќе потроши електрична енергија во вредност до 22 американски долари или 22 W дневно.

3. Телевизор

Кога на управувачот ќе го стиснете копчето power тоа не значи дека сто ги исклучиле телевизорот. Тоа само значи дека сте го ставиле на „чекање“. Така телевизорот потрошува 24 W дневно, односно 25 долари годишно.

4. Компјутери и лаптопи

Ако ги исклучите и не ги извадите од струја ќе потрошат околу 96 W дневно. Ако приклучоците ги исклучите од ѕид можете да заштедите и до 100 долари годишно.

5.Уреди со вградени тајмери

Ако тајмер на апарат и понатаму работи, тоа значи дека како уред уште троши струја. Можно е и до 108 W дневно. Со целосно исклучување можно е да заштедите до 11 долари годишно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти