МОЖЕН ЛИ Е СУДИР НАТО-РУСИЈА: Дали тоа ќе доведе до нуклеарна војна?
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2017
Поради тензиите меѓу Русија и НАТО се поставува прашањето кои се опциите на Северноатлантската алијанса да ѝ се спротивстави на Русија, особено во одбрана на своите „најчувствителни членки“, пишува коментаторот на Нешнал интерест, Крис Озборн.
Тој пишува дека Русија денес има високотехнолошки средства за противвоздушна одбрана, иако рбетот на военото воздухопловство се авиони од крајот на 80-тите, работи на ловецот од петтата генерација ПАК ФА Т-50 и го има најновиот тенк Т-14 „армата“.
„Во овој момент НАТО не може успешно да ги заштити своите најранливи членки. Во голем број случаи воени игри со учество на експерти од двете страни покажаа дека руската војска може да дојде до предградијата на естонската престолнина Талин и главниот град на Летонија, Рига за 60 часа. Толку молневито напредување на НАТО ќе му остави ограничен број можности“- пишува Озборн.
Вели дека НАТО ќе има три опции. Една од нив вклучува трошење многу време за да се мобилизира и спроведе голем контра удар кој најверојатно ќе резултира со изедначена но крвава битка.
Втората можност би била закана со нуклеарна опција. Озборн смета дека ова не е многу веројатно поради американската стратегија за намалување на нуклеарните арсенали.
Третата опција е поголемо присуство во балтичките земји и внесување на Алијансата во нова студена војна. Се верува дека ова ќе доведе до слабеење на НАТО.