29 Март, 2024
0.0234

Може ли да се избегне глобална валутна војна ?

Објавено во: Анализа 21 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Јапонија е заглавена во четвртата рецесија оваа декада. Иако е сеуште една од најсилните економии на светот, оваа земја долги години се мачи со дефлација и слаб економски раст. Токму поради ова кога се зборува за најголемите џинови во економијата Јапонија се помалку се споменува. По изборите во декември кога премиер стана Шинзо Абе беше јасно дека е потребна нова политика која ќеја извади земјата од овој дефлациски проблем. Првата одлука беше пакетот со кој се внесуваат 117 милијарди долари во економијата со цел да се стимулира развојот. Сега Шинзо Абе бара уште поголема подршка од Јапонската Централна Банка која со години има за цел контрола на инфлацијата (која во основа ја нема).Премиерот предлага и се коцка со тоа што бара да се донесе одлука за масовно монетарно разлабувања кое ќе има основна цел земјата да постигне инфлација од 2%. Се бара раст на цените, послаба валута и зголемен извоз. Секогаш кога си играте со печатење пари може да се изгорите. Но по дваесет години дефлација Абе е решен да проба да примени американски рецепти. Всушност Јапонија ќе ја следи политика на САД и на Бернанке која веќе трета година се применува во САД. Масивната операција наречена квантитавно олеснување, всушност се пуштени фрапатни три трилиони долари во оптек, количина на пари која засега САД ги држи далеку од рецесивните нивоа, додека берзите се вратени на нивото од пред кризата. Мсивното олабавување предизвика пад на вредноста на доларот од 11% во однос на кошничката на валути кои се користат во меѓународната економија. Ова не води кон поимот валутна војна. Доколку сите држави се решат да водат политика како на САД може да се случи глобална катастрофа. Се до сега САД беа толерирани во нивните игри, но одлуката на Јапонија да ја игра нивната игра може да биде знак дека светот е на праг на нова голема опасност со несогледливи последици. Каков ќе биде исходот е невројатно да се процени во овој момент. Што се случува во Европа?! Европа засега се држи на страна и бира политика на зголемување на конкуретноста преку намалување на потрошувачката. Политика која многу економисти ја оспоруваат, но да не заборавиме дека оваа политика има за цел конечно да направи вистински реформи на југот на Европа. Потребен е процес на отварање на пазарите и приватизирање на јавните претпријатија кои со години генерираат загуби и во кои се прават големи криминали. Југот несомено водеше исклучително лоши економски политики. За разлика од Германија која низ годините изгледа како земја се однесува најоодговорно југот се фрли по ефтини кредити кои служеа само за зголемување на плати и кои создаваа привидна благосостојба. Приврзаниците на тезите дека мора да почне да се менува системот велат дека доколку повторно се завртиме кон трошење од страна на државата тоа ќе значи дефинитивен крах за економијата. Во основа никој не спори дека ќе биде полошо, пред да стане подобро но реформите мора да се завршат. Да се вратиме на глобалната мапа. Во текот на 2012 година централните банки ширум светот донеле 75 одлуки за намалување на каматите со цел да стимулираат раст. Билансите на на централните банки се раширени како нигогаш досега. Никој не може да знае што ќе се случи кога каматите ќе почнат да растат. Дали пазарот на обврзници ќе може да го издржи цунамито кое доаѓа. До каде ќе води постојаното девалвирање на валутите. Главниот проблем ќе биде што ако сите во исто врема посакаат да девалвираат? Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот