Добивај вести на Viber
Растат акциите на Телеком Словенија, денес е достигната вредност од близу 85 евра по акција. Покачувањето на цената на акциите започна откако државата најави продажба на 74% од нејзините акции. Мината недела словенечкиот парламент донесе и закон со кој ќе се реализира продажбата. Оваа ситуација придонесе акциите на Телеком за еден месец да пораснат за 30%. Како што објавија словенечките медиуми капиталот на Телеком во моментот е проценет на околу 400 милиони евра. Според моменталната состојба на словенечки Телеком кој е сопственик на македонската телекомуникациска компанија ОНЕ, се очекува дека Оне ќе ја промени сопственичката структура, а доклку Дојче Телеком го купи словенечки Телеком, македонскиот ОНЕ ќе се продава, бидејки германската компанија е веќе на македонскиот пазар. Оваа е веќе позната ситуација, бидејќи во 2008 година Дојче Телеком го купи грчкиот ОТЕ кој тогаш беше сопственик на македонскиот Космофн.