Добивај вести на Viber
Постои можност за ново реструктуирање на грчкиот долг, смета грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарис. Стурнарис ваквата доверба ја изрази во интервју за германскиот весник „Билд“.
Според него реструктурирањето може да биде извршено, доколку Грција ја постигне целта за зајакнување на финансиите.
„Ако Грција успее да оствари буџетски суфицит, тогаш Европските земји ќе разгледаат нови мерки за намалување на грчкиот долг“, истакна министерот за финансии.
Кон средината на јануари Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) посочи дека грчкиот долг се уште е премногу висок, наспроти веќе извршеното реструктурирање на истиот. Претставникот на ММФ Пол Томсон предупреди дека долгот ќе остане висок, ако не се преземат мерки за олеснување на таа позиција или ако нема долгорочна помош за Атина од ЕУ.