МОЖНИ ПОПЛАВИ: Бугарија на удар на циклонот „Филип“
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2017
Југозападна Бугарија е во портокалова фаза поради доаѓањето на циклонот „Филип“, кој е проследен со силни ветрови и поројни долждови.
Бугарското Министерство за внатрешни работи синоќа свика кризен штаб. Раководителите од Министерството се распоредени во различни региони на земјата, за одблизу да ја следат ситуацијата.
Објавената опасност од прв и втор степен значи дека се очекуваат интензивни врнежи, кога се очекуваат да паднат меѓу 35 до 65 литри на метар квадратен, а на одредени места и повеќе.
Поради температури и интензивното топење на снегот можни се поплави.
Oбилни врнежи има и во Македонија, а вчера имаше поплави и во Албанија.