28 Март, 2024
0.0242

Мрднете со прст и помогнете со донации за бездомниците на отворениот пункт во Скопје Сити Мол

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Денес и во текот на викендот граѓаните ќе можат да донираат помош за бездомниците во Скопје на пунктот на Мрдни со Прст кој што е поставен во Скопје Сити Мол. Пунктот,кој ќе биде поставен до влезот на New Yorker, и на кој ќе може да се донираат ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства, ќе биде отворен од денес, 13.01, до недела,15.01, секој ден од 11:00 до 20:00 часот. Донациите ќе бидат доставени до Социјалниот центар „Дуња“ кој што обезбедувапомош и вдомување на бездомницикои немаат каде да се засолнат од поларните температури кои што ја зафатија нашата држава.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. Тука спаѓа и помош и на бездомниците, бидејќи нашата помош во овие моменти им е неопходна. Во рамки на кампањата може да помогнете и со лоцирање на бездомник и негово пријавување настраната на Мрдни со прст: http://mrdnisoprst.mk/или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.Врз основа на пријавите волонтерите од Социјалниот центар Дуња ќе реагираат и ќе помогнат во згрижувањето на секое пријавено бездомно лице. Истовремено, се повикуваат сите кои сакаат да помогнат со приготвување на топол оброк за бездомницитеистиот да го достават во социјалниот центар. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет).

Ајде сите заедно да мрднеме со прст и да помогнеме на бездомниците. 

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија