16 Април, 2024
0.0361

МРТВ:Ќе се менува песната која ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Објавено во: Стил 01 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Измени и доработка во однос на текстот и аранжманот ќе претрпи песната која Македонија ќе ја претставува на  Евросонг оваа година ,одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници. Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната. Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект. Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18 март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ. Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот. МРТ се  оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис. Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност. (Интегрален текст од соопштениет на МРТВ)

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре