29 Март, 2024
0.0254

МТСП: „Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

На синоќешното одбележување на петгодишнината од првиот број на списанието ,,Лице в лице’’ беа доделени признанија на повеќе поддржувачи на овој проект, меѓу кои и на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво во Република Македонија,  списание кое ја подигнува општесвената свест за важни теми и претставува значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат  ранливи категории на граѓани, преку нивно работно ангажирање.

Со цел да придонесе во одржливоста на списанието и во креирањето на нови работни места, Владата на Република Македонија на иницијатива на МТСП, усвои Одлука со која ги задолжи сите министерства и државни органи да станат претплатници на списанието ,,Лице в лице’’ и со тоа да ја покажат својата општествена одговорност.

Во иста насока, во Ревидираниот оперативен план за активни програми за мерки за вработување за 2017 година за прв пат се обезбедени средства за поддршка на претпријатија и граѓански организации со примарна дејност во областа на социјалното претрпиемништво, односно ќе се доделуваат неповратни средства во висина до 615.000 денари. Предвидена е и пилот мерка за поддршка во креирање на нови работни места во граѓански организации, каде ќе се доделуваат грантови во опрема или материјали наменети за успешни организаци.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење