23 Април, 2024
0.0187

Мурињо против историјата, ако сака титула во Англија

Објавено во: Спорт 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо остана задоволен после вчерашното досадно реми со Ливерпул (0:0) на „Енфилд“. Овој резултат сепак го остава Португалецот во невозможна, од историска гледна точка позиција за напад на титулата оваа сезона. 

Во моментов „црвените ѓаволи“ се на седмото место во Премиер лигата по осум одиграни кола. Во историјата на Премиер лигата ниту еден тим со таков пласман во оваа фаза од сезоната не успеал да ја освои титулата. Најниска позиција по првите осум круга од која тим го освоил шампионатот, е шестата. Тоа го постигна токму Манчестер Јунајтед во сезоната 2009 година.

Доброто за Мурињо е дека „црвените ѓаволи“ заостануваат само пет поени од лидерот Манчестер Сити. Португалецот сепак треба да е загрижен од фактот дека неговиот тим има освоено само еден од последните пет натпревари во Премиер лигата.


Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата