19 Април, 2024
0.0385

Голема полноќна забава во ноќниот клуб Сектор 909

Музичката продукциска куќа „Баланс“ прославува 17 години

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Вечерва, во летниот ноќен клуб Сектор по повод 17 години од постењето на музичката продукциска куќа „Баланс“ организаторите најавуваат голема полноќна забава. Познатите диџеи Самоил Радински, Александар Мискоски, Маци, Оги и Томи Бојаџи ќе ја дообојат оваа вечер со своите диџеј сетови. 

Промотерската куќа „Баланс“ е формирана уште во 1999 година под палката на Огнен Узуновски – Оги заедно со Самоил Радински, Иван Тодоровски и Смилен Димитров. Со самото тоа, оваа група поклоници на современиот електро бит почнаа да исцртуваат нови линии на македонската електронска сцена. Првата забава на „Баланс“ се случи во 2000 година со настапот на реномираниот детроитски диџеј Дерик Меј.


„Настанот се случи во Охрид на 15 јули добро се сеќавам, не не интересираше ништо освен да успееме да направиме одлична забава и нема да се стеснам да кажам дека за мене ова беше најдоброто нешто што му се случи на Баланс. Публиката беше повеќе од возбудена. Незаборавен диџеј сет, кој ни влеа доверба да продолжиме понатаму. Понатаму, во наша организација се случија уште многу други големи забави со Кевин Сандерсон, Лорен Гарние, Стејси Пулен, Фанк Д’воид, Александар Роботник, Суботика, Диџеј Боун, Кристиан Смит, Теренс Паркер, Џин Фарис и многу други...“ се сеќава Узуновски. 

Наедно, Баланс ја издаде на македонски и книгата на Лорен Гарние во 2007 година, која говори за севкупата светска електронска сцена изминативе 30 години.

Несомнено, продукциската куќа Баланс ќе остане забележана во македонската музичка историја, бидејќи Баланс беше предзнак за многу успешни проекти кои досега се реализираа.

„Баланс е нешто најпозитивно што ми се има случено во животот, затоа што ми го покажа вистинскиот пат и ми исполни дури и некои желби, кои тогаш сум мислел дека се невозможни“ вели Оги. 

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ