МВР бара притвор за четири лица организатори на протестите?
Објавено во: Македонија 29 Април, 2017
МВР испратило писмо до ОЈО со кое го повикува што побргу да ги повикаат на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите, објави Алсат-М.
Алсат-М од свои извори дознава дека станува збор за четири лица, со иницијали Б.Д, Б.И, Д.Х и И.Д. Тие, според извори на телевизијата се фото-документирани од службите на МВР. Од материјалите со кои располага полицијата, според истите извори се потврдува дека тие лица диригираат со протестите во текот на насилството во Собрание. Овие материјали се испратени со ургентно писмо во ОЈО.