24 Април, 2024
0.0484

МВР: Поднесени кривични пријави за 15 учесници во нередите, а 5 се приведени

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

МВР денеска соопшти дека поднеле кривични пријави за 15 учесници во нередите во Собранието. 

Врз основа на предгледани видео материјали и превземени оперативни мерки извршена е идентификација на лицата, и петмина од нив веќе се приведени.

„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.М. (38) од Скопје, Д.Х. (43) од Прилеп, Н.М. (34) од Скопје, К.Џ. (54) од Скопје, Ѓ.Б. (44) од Скопје, Д.Д. (45) од Скопје, В.Н. (45) од Скопје, С.П. (57) од Скопје, А.З. (63) од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ. Против лицата, пак, Д.В. (36), А.С. (39) и М.Ц. (39) М.С. (47) четворицата од Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ. А против лицата Д.А. (62) од Скопје и И.Ј. (46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ“ - стои во соопштението од МВР. 

МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27.04.

Според досега документираните сознанија, на  27-ми овој месец околу 19  часот пред и во Собранието на Република Македонија, пријавените, по завршување на седница каде е избран преседател на собрание како и за време на одржување на прес конференција во салата, откако го пробиле кордонот од УПС кој бил поставен пред Собранието, влегле внатре каде извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички ги нападнале полициските службеници на внатрешното обезбедување А.Ј., В.К., Б.Ѓ. по што влегле во салата 3 каде се одржувала прес конференција и физички ги нападнале присутните З.З.  (42) од Струмица, З.С. (44) од Струга, Р.Ш.Ј. (44) од Скопје, О.С. (40) од Куманово, С.М. (53) од Скопје, како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Пријавените Б.М., М.С, Д.А., И.Ј, Д.Х., Н.М., К.Џ., Ѓ.Б., Д.Д., В.Н., С.П., Д.В., А.З., А.С. и М.Ц. со наведените зеднички дејствија со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот, со што ги извршиле напред наведените кривични дела.

Од страна на ЕНК ОКСД извршени се проверки во Клинички Центар Мајка Тереза  – Неврохирургија во врска со повредениот пратеник З.С., а со вработените во обезбедување на Собранието Б.Ѓ. и В.К. извршени се службени разговори.

По настанот, по предходна консултација со Јавен обвинител од страна на ЕУМНА при СВР Скопје извршен е Увид како и кримтехничка обработка на местото на настанот за што се изготвени Записници. Од страна на Основно јавно обвинителство Скопје, издадени се Барања за доставување податоци од повеќе електронски медиуми,  ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА, МВР на РМ УБК ООТПО како и наредби за вештачење до МВР на РМ – ОКТИВ кои откако ќе бидат изготвени дополнително ќе биде поднесен соодветен службен материјал.

СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните од 27-ми овој месец во Собрание на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција