25 Април, 2024
0.0288

МВР СТАВИ КРАЈ НА ПОТРАГАТА: По 23 години најден бегалецот кој изврши брутално убиство со секира

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од 20 години македонската јавност беше потресена од можеби најсвирепите убиства во историјата на земјата чиј извршител по пет години избега од затвор и пред еден месец како што соопти МВР е најден и екстрадиран од Италија со меѓународна потерница.

МВР информираше дека ФАСТ тимот (FAST Fugitive Active Search Team) при Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ставил крај на долгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција  која траеше цели 23 години 1 месец и 14 дена.

Што се случуваше кобниот јануари?

Дванаесет дена по Нова година во 1989 година две лица извршија свирпо убиство врз друго лице со секира.

Бруталните убијци Д.М. и С.Ѓ. го убија Ж.К откако го намамиле во стан.

Со претходно подготвена секира Д.М го удрил Ж.К во главата, а откако жртвата паднала на подот му нанел уште неколку удари со секирата, за да подоцна го искасапат телото замотувајќи ги остатоците во најлони, со намера полесно да се ослободат од телото.

По истрагата на 19.06.1989 година тогашниот Окружен Суд во Битола ги осудува Д.М. на 15 годишна и С.Ѓ на 12 годишна затворска казна за кривично дело убиство.

Д.М.  на 14.03.1994 година ја искористува можноста и за време на викенд  отсуство бега од КПУ Идризово. По него се распишува меѓународна потерница а потрагата траеше цели 21 година и 8 месеци и 12 денови поточно до неговото лоцирање  во Италија на 27.11.2015 година.

Тој се наоѓа сега во КПУ Идризово каде што го чека одлежување на затворската казна изречена во 1989 година.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот