24 Октомври, 2017
0.4088
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

МЗШВ отвори кол центар за потребите на земјоделците и агробизнисмените

Објавено во: Агробизнис 29 Септември, 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска отвора кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, а со единствена цел – навремено да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат.

Телефонските броеви на кои што ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се  071/204-137; 070/415-314; 070/415-389.

Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 8 часот наутро до 17  часот попладне.

Преку кол центарот земјоделците и агробизнисмените  ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство.

Воедно, преку кол центарот ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените како и информации за незаконски дејствија. На овој начин Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навреме ќе може да одговори на сите прашања што ги засегаат земјоделците, агробизнисмените  и сите граѓани, да реагира и да преземе мерки за брзо решавање на секој проблем поединечно.

Воведувањето на кол центарот како модел за транспарентност, е новина и за прв се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште од јуни МЗШВ ги отвори вратите за земјоделците и за агробизнисмените, за решавање на нивните проблеми и за преземање на системски мерки за развој на земјоделството. Воведувањето на кол центарот е само продолжение на започнатиот транспарентен однос на МЗШВ и уште еден доказ за отвореноста на МЗШВ како институција која ќе функционира исклучиво како сервис за сите чинители во земјоделскиот сектор.

Начелото на правичност и транспарентност и во следниот период ќе биде едена од главните цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи само преку отворен дијалог може да се постигнат зацртаните цели за развој на земјоделскиот сектор. 

Можеби ќе ве интересира

СОБИРАЊЕ НА ПЕЧУРКИ: Едно семејство во сезона може да заработи над 2000 евра

СОБИРАЊЕ НА ПЕЧУРКИ: Едно семејство во сезона може да заработи над 2000 евра

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?