28 Март, 2024
0.0257

МЗШВ ПЛАТИ 207 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗАОСТАНАТ ДОЛГ ЗА ОДБЛОКИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЈУЖНОВАРДАРСКА ДОЛИНА

Објавено во: Агробизнис 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска плати 207.000 евра, заостанат долг за консултантски услуги за проектот „Програма за наводнување Јужно-вардарска долина“ - втора фаза. На овој начин, ја откочуваме реализацијата на проектот, која беше блокирана, поради тоа што претходната Влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години.

Со подмирувањето на долгот овозможивме меѓународниот консултант на  проектот да продолжи со работа, а со тоа и да се продолжат активностите за изградба на системите за наводнување во Валандовскиот регион. Ова е една од повеќето активности преземени за подобрување и унапредување на соработката со германската кредитна банка за обнова „KfW“. 

Реализацијата на програмата, согласно договорените услови, требаше да почне минатата година. Но, поради неплаќање на фактурите, реализацијата е пролонгирана за една година. Иако немало никаква законска и финансиска пречка, фактурите пристигнувале во МЗШВ, но не се плаќале, што довело до зголемување на давачките на државата кон кредиторот, односно плаќање на каматите за неизграден објект. Ваквото работење веќе е предмет на ревизија, која треба да ги утврди причините и последиците од неплаќањето, за што ќе има и одговорност.

Со овој проект е предвидено реконструкција, рехабилитација и изградба на систем за наводнување од околу 2.000 хектари во регионот на Удово, Јосифово и Пирава. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во првиот квартал од следната година.

За реализација на втората фаза од овој проект, предвидени и обезбедени се  околу 16 милиони евра, преку кредит од германската банка и од буџетот на МЗШВ.

Проектот Јужно-вардарска долина е од витално значење за земјоделството во јужниот регион и со неговата реализација долгорочно ќе се реши проблемот со обезбедување на вода за наводнување во овој регион.

Освен овој проект, за јужниот регион на Република на Македонија, во тек е изградба на браната Конско, со која ќе се обезбедат количини на вода потребни за наводнување на околу 6.500 хектари во регионот од Гевгелија до Дојран, и изградба на мали иригациони системи, проект во соработка со ИПА во вредност од 5 милиони евра.

Ваквите зафати се потврда на зацртаните приоритети во Програмата на Владата во делот на санација на постојните системи за наводнување, изградба на нови, кои освен што ќе го зголемат водниот потенцијал ќе придонесат за трајно решавање на проблемите на земјоделците со наводнување, што ќе биде предуслов за развој на целокупниот земјоделски сектор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи